Категории

Во свемирот лебди објект кој би можел да сее живот

Ново откритие од мисијата на НАСА. Астероидот Бену на себе носи вода и траги од органски материјали и би можел да сее живот по свемирот, открива НАСА во текот на својата мисија „Озирис Рекс“.

Органскиот материјал заснован на јагленика е распрскан по површината на Бену, вели Ејми Симонс од НАСА. Тоа значи дека тој органски материјал би можел да биде пронајден и кога делови од тој астероид ќе слетаат и на Земјата.

Научниците од НАСА претпоставуваат дека деловите од Бену можат да носат материјал кој досега не е заблежан на ниту еден метеорит и органскиот материјал кој е пронајден на него би можел да укажува на примитивна биологија во универзумот.

Кога примероците би пристигнале на Земјата, научниците планираат да ги проучат со цел да пронајдат одговори за потеклото на водата и органските материи на Бену.

Присуството на јагленикови материјали во астероидот сугерира на постоење на широк хидротермален систем кој содржи вода и јаглен диоксид во Бену како и во астероидот од кој е создаден.

Сето тоа дава потпора на теориите за панспермија, односно дека астероидите носат живот низ свемирот и го сеат по планетите, како што е и случај со Земјата.

НАСА направи и 3Д модел на Бену кој е опишан како „куп урнатини во вид на дијамант кој патува низ свемирот“

Тоа му овозможи на мисијата „Озирис Рекс“ детално да ја прегледа неговата средина откривајќи детали за составот на астероидот и неговото бурно минато.

Научниците сега веруваат дека Бену има густ состав близу површината, а поредок во средината што може да се објасни како повремена ерупција на материјал.

„Озирис Рекс“ треба да полета за Бену во 2021 година и да донесе примероци на Земјата до септември 2023 година. Бену пристигна во орбитата на астероиди пред две години.

 

NASA Mission Selects Final Four Site Candidates for Asteroid Sample Return  - OSIRIS-REx Mission

Прегледи:
608
Објавено на:
15.10.2020