Предметот за среќата е воведен во наставниот план и програма во повеќе од илјада училишта во индиската метропола.
Министерот за образование во Делхи, Маниш Сисодиа, вели дека предметот з среќата се спроведува во склоп на важен и корисен проект, на чиј развој се работело претходните години. Истакнува дека часовите за среќата, кои ќе траат околу 30-45 минути, ќе се изведуваат во повеќе од илјада училишта, но и во градинките како и во основните училишта.
Учениците на овие часови нема да бидат оценувани, како што е пракса за другите предмети. ниту пак ќе имаат тестови и домашни задачи. Целта на овој предмет е кај ученикот да се развие емоционалната интелигенција преку активности како медитацијата и разговорот за вредностите.
Наставниците во Делхи се надеваат дека часовите за среќа ќе им помогнат на младите во борбата против депресијата, стресот и различните анксиозни пореметувања. Според податоците на Светската здравствена организација, секое четврто дете на возраст од 13 до 15 години во Индија се бори против депресија.