Категории

Војвотката Кејт елегантна на настан заедно со принцот Вилијам и децата

Војводата и војвотката од Кембриџ после долго време се појавија на свечен настан заедно со трите деца, војвотката блесна во елегантно модно издание.

Принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и нивните деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис присуствуваа на пантомимичарското шоу The National Lottery’s Pantoland во театарот The Palladium кој се одржа во чест на работниците во првите редови во борбата против пандемијата. Настанот беше со ограничени седишта кои ја почитуваа одредената дистанца. Ова е прв официјален настан на кој присуствуваше целото семејство од Кембриџ откако започнаа рестрикциите поради светската пандемија.

Војвоткта Кејт воодушеви во елегантен фустан во тегет нијанса со принт од дизајнерката Alessandra Rich кој го искмбинира со тегет високи потпетици.
Принцот Џорџ носеше џемпер од брендот Ralph Lauren, а принцезата Шарлот беше преслатка во карирано фустанче, додека принцот Луис носеше сино палто кое претходно му припаѓање на неговиот постар брат принцот Џорџ.

Прегледи:
613
Објавено на:
12.12.2020