Категории

Воодушевете ги вашите сетила: Чоколадна торта со портокал

Овој колач доста брзо се подготвува, а вкусот ќе го паметите…

Состојки:

За кора:

  • 5 јајца
  • 125 гр шеќер
  • 125 гр брашно
  • 50 гр какао
  • 1 прашок за пециво

За фил:

  • 5 јајца
  • 125 гр шеќер
  • 200 гр чоколадо
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1 замрзнат портокал
  • сок од 2 портокали

За глазура:

  • 100 гр чоколадо
  • 2 лажици кисела павлака

 

Подготовка:

Кора:

  1. Оделете ги белките од жолчките и изматете ги со шеќерот во цврст шлаг. Постепено додавајте ги жолчките без да престанете со матењето.
  2. Измешајте ги брашното со какаото и прашокот за пециво и полека додајте ги во смесата со јајца. Тркалезниот калап за торта со дијаметар од 24 см обложете го со хартија за печење и истурете ја подготвената смеса во него. Печете во загреана рерна на 200°C околу 30 мин. Оставете ја печената кора да се излади и потоа исечете ја на три дела.

Фил:

  1. Изматете ги јајцата со шеќерот, ставете ги на пареа, мешајќи постојано, сè додека не се згуснат. Потоа додадете го чоколадото и промешајте додека не се стопи. Тргнете од оган и оставете да се излади.
  2. Маргаринот изматете го пенасто со шеќерот во прав и измешајте го со изладениот фил од јајца. Додадете го ренданиот замрзнат портокал и добро измешајте.

Завршна постапка:

  1. Попрскајте ја кората со сокот од портокал. Врз првата кора ставете го половина од филот, па ставете ја другата кора. Нанесете го преостанатиот фил над неа и ставете ја последната кора.
  2. Растопете ја чоколадата на пареата, додајте ја павлаката и добро измешајте.
  3. Со добиената глазурата премачкате ја тортата и украсете со рендана кора од портокал.
Прегледи:
1000
Објавено на:
08.09.2019