Категории

Вработена мајка одговара на критика: Ова се причините поради кои не сум домаќинка!

Водителка на работа и мајка на четригодишното девојче Фејт, Сузан Кеогх, одговорила на критиките на еден маж кој ја обвинил дека не поминува доволно време со својата ќерка. Еве го нејзиниот коментар…

Кога на Твитер објавила фотографија од својата ќерка, еден човек искоментирал дека таа би требало да даде отказ и да стане домаќинка, “кога на неа веќе толку многу и недостасува детето”.

Одговорот којшто Сузан му го дала на овој непознат човек никого не оставил рамнодушен. Со голема доза на искреност, таа објаснува дека нема намера да му се извини на било кој затоа што ја сака својата работа, но и дека секако чувствува вина што толку многу работи.

Во продолжение на текстот можете да го прочитате нејзиниот целосен одговор:

“Почитуван храбар човеку, ја добив твојата порака. Онаа во која имаш напишано дека треба да ја напуштам својата работа, доколку мојата 4-годишна ќерка толку многу ми недостасува додека работам. Па како тоа порано не ми падна на памет? Токму, ти си тој кој ми помогна.

Постојат многу причини поради кои работам. Ја сакам својата работа. Ми значи. Не е дека спасувам животи, но мене ми е важна. Уживам во неа. Ме прави среќна и задоволна. И поради тоа сум подобра мајка.

Работам од понеделник до петок. Поголемиот дел од деновите го пропуштам нејзинот одење во кревет. Знаеш ли колку луѓе поради тоа ме критикуваат? МНОГУ. Мојот сопруг секое утро заминува од домот околу 5 часот и секој ден го пропушта нејзиното будење. Дали погодуваш колку луѓе него го критикуваат поради тоа? Добро си погодил. НИКОЈ.

Дали чувствувам вина поради тоа? Секој ден. Понекогаш и 10 пати во денот. Дали сакам времето да застане за време на викендите? Секако. Но работам за да на своето дете му обезбедам подобра иднина. Да, кога ќе наполни 16 години и кога ќе посака сама да отпатува на одмор, да можам тоа да и го дозволам. Секако дека се плашам дека еден ден ќе ми каже дека би и било помило доколку сум поминувала повеќе време со неа, но ќе ризикувам.

Во овој момент мојата ќерка кога ќе порасне сака да биде ‘тетката со цвеќето’, не знам дали тоа значи дека сака да го продава или да го носи на себе. И искрено многу и не ми е грижа. Може да прави што ќе сака. Претпоставувам дека тоа е причината поради која јас работам. Сакам да и покажам дека постои можност за избор. Сакам да ја одбере среќата.”

Иако вработените мајки успеваат да се изборат со притисоците кои доаѓаат од сите страни, тие се секогаш ”помеѓу два огна”. Очигледно дека грижата за домот, децата и работата не е доволна, па жените мора да знаат да излезат на крај и со критиките од страна на друштвото.

Прегледи:
561
Објавено на:
20.02.2016