Косата ви е тенка и безживотна, а врвовите испукани? Тоа воопшто не е чудно, бидејќи колку и да се здрави сонцето и морето, сепак ја уништуваат косата. Затоа се препорачува да ги примените овие ритуали на косата од природни состојки.
Ракија и маслиново масло
Ракијата истурете ја на косата и протријте, а можете и по врвовите, иако нив најмногу ќе им помогне редовното шишање. Потоа во дланката истурете маслиново масло и пројдете низ косата. Доколку вашата коса се масти премногу, маслото нанесете го само на врвовите, а освен маслиново масло ќе ви помогне и рицинусовото кое е како создадено за косата, кожата и ноктите.
Чај од коприва
Во зовриена вода ставете коприва и оставете ја барем 15 минути. Косата од маската измијте ја со чај од коприва.
Измијте ја косата со обичен шампон
На крај, целата коса измијте ја со шампон кој инаку се користи за потполно да се извадат сите состојки бидејќи колку и да се здрави, ако останат во косата ќе ја измастат.