Категории

Вратете се во форма: Еве како да го исчистите организмот по Велигден

Празниците се секогаш повод за некој залак повеќе, а резултат на тоа е прејаденоста и надуеноста која ја чувствуваме. Еве еден совет за детокс, како да се вратите во форма и на секојдневната прехрамбена рутина.

Вода

Водата е вашиот најдобар пријател во процесот на детоксикација. Обезбедете му на својот организам минимум 8 чаши вода дневно и избегнувајте други напитоци.

Супата како главен оброк

Без разлика дали ќе се одлучите за топла или ладна супа, нека содржи зеленчук, колку е можно поразновиден со додаток маслиново масло.

Овошје и зеленчук во големи количини

Во периодот на детоксикација задолжително зголемете го внесувањето на овошје и зеленчук за да ја добиете потребната доза витамини и минерали кои се неопходни за вашиот организам.

Седум денови без тесто и шеќер

Белото брашно и шеќерот исфрлете ги на една недела. По препорака на стручно лице намалете го и внесувањето на млеко, млечни производи, кафе и алкохол.

Прегледи:
426
Објавено на:
09.04.2018