Категории

Вреднувајте ги оние луѓе кои го извлекуваат најдоброто од вас

Ценете ги оние кои ве држат за вашата рака дури и кога никој друг не сака ниту да стои покрај вас, оние кои ја гледаат вашата светлина и во мракот, кои веруваат во вас и тогаш кога вие не верувате во себе

Знајте дека денес многу се ретки оние луѓе кои сакаат кога некој покрај нив блеска. Денес луѓето се алергични на туѓиот сјај, туѓиот успех и среќа. Знајте дека сте наишле на некој вистински редок кога тој сака да ве види како се смеете и успевате.
Бидете благодарни за секој миг кои го поминуваат покрај вас и не заборавајте да им пружите подеднакво толку љубов.

Ценете ги оние кои ве држат за вашата рака дури и кога никој друг не сака нити да стои покрај вас, оние кои ја гледаат вашата светлина и во мракот, кои веруваат во вас и тогаш кога вие не верувате во себе. Ценете ги луѓето кои не престануваат да ве сакаат дури и кога сте толку разочарани и мислите се најлошо за себеси.

Однесувајте се кон нив со нежност и почит затоа што тие се луѓето кои ве виделе во вашето најлошо и сепак одлучиле да останат покрај вас. Знајте дека тие нема никогаш да ве разочараат, таквите луѓе се скапоцени, немојте да ги испуштите од раце.

Прегледи:
559
Објавено на:
16.06.2020