Категории

Време е за промена на навиките: 3 совети за здрав и квалитетен живот!

Без разлика дали се занимавате професионално со спорт, или пак само рекреативно спортувате, правилниот режим на исхрана е од клучно значење за резултатите. Првиот чекор кон планот за исхрана треба да се однесува на исфрлањето на нездравите намирници од вашето мени, а внесување на суплементи кои претставуваат одличен додаток во исхраната.

Исфрлете ја нездравата храна

Сите знаеме дека намирниците како што се чоколадото, колачите, соковите, брзата храна се многу штетни. Особено кога станува збор за здравјето и напредувањето во формата и кондицијата при физичката активност, тие нема да ви донесат никаква корист.

Доколку вашата главна цел е да ја намалите телесната маса и масти, тогаш оставете ги овие намирници настрана.

Празнините кои ќе ги почувствувате со исфрлање на лошите намирници пополнете ги со здрави намирници

Сите намирници кои ги набројавме претходно заменете ги со ориз, компир, зеленчук. Млекото заменете го со јаткасти плодови како бадеми, ореви и кокос, а овошните сокови со вода. Потрудете се поголемиот дел од оброците да ги подготвувате сами, избегнувајте готови јадења. Трудете се храната да биде богата и разновидна.

Внесувајте суплементи за да ги зголемите придобивките по здравјето и перформансите во спортот

Фокусирајте се на квалитетните и докажани суплементи кои навистина делуваат и покажуваат резултати. За најдобро напредување во формата и одличните резултати, најважно е да обезбедите добра суплементација во текот и по завршувањето на тренингот.

Вистинските состојки се тестираат во лабораториски услови и во реалниот свет нивната ефикасност е потврдена. Таквите состојки ќе обезбедат загарантирани резултати во однос на зголемена сила, мускулна маса и подобри перформанси.

Втората суштинска состојка е безбедноста. Сите состојки во додатоците мора да имаат долга историја на токсиколошки истражувања и мерливи податоци зад нив за да го потврдат сето она што производителите ветуваат кога ги рекламираат своите производи.

Откако ќе бидете убедени во исправноста на состојките, следното нешто што треба да обрнете внимание е дозата. Поточно, додатоците треба да достигнат одредено ниво во телото за да бидат ефективни. Затоа, не плашете се да ги земате препорачаните дози на задниот дел од производите кои биле тестирани на многу луѓе.

Експертите во Polleo Sport  секогаш се во можност да ви помогнат и да ви дадат точни и прецизни информации за тоа што ви е потребно на вас. Тие се специјално едуцирани за додатоците во исхраната и секогаш ќе бидат среќни да објаснат за што служат, и како, кога и зошто се користат. Секако дека најважно е да купувате и користите оригинални производи.

Доколку ги применувате сите овие совети и направите баланс помеѓу вежбањето, правилната исхрана и суплементите како неизбежен додаток во исхраната, резултатите ќе бидат неминовни, а вие ќе се чувствувате среќно и исполнето, задоволни од својот изглед и полни со енергија.