Категории

Врска и Фејсбук не одат заедно: 5 проблеми што паровите ги имаат поради социјалните мрежи

Верувале или не, овие навидум безопасни ситуации можат да предизвикаат сериозни проблеми во врската, дури и разделба.

Порано беше многу поедноставно, но денес просечната двојка може да има проблеми со денови само поради социјалните мрежи, особено Фејсбук. Овие се најчестите проблеми што се јавуваат:

 

Кавги поради премногу време поминато на Фејсбук

Ако премногу време поминувате на Фејсбук, вие или вашиот партнер, факт е дека ова често предизвикува кавги. Поради оваа социјална мрежа, понекогаш ви се чини дека сте во љубовен триаголник.

 

Споделување на приватни работи

Понекогаш се случува двајцата да бидат подеднакво опседнати со споделување на нештата на социјалните мрежи, но многу почест случај е кога само еден од партнерите, додека другиот не сака да го споделува секој момент со секого. Се разбира, тогаш има и кавга.

 

Лош секс

Истражувањата покажуваат дека сè повеќе млади луѓе се склони кон проверка на социјалните мрежи за време на сексот. Не мора да објаснуваме зошто е лошо, нели?

 

Љубомора

Еден лик или коментар кој што не значи ништо може да предизвика голема кавга, а да не зборуваме за пораките во инбокс. Љубомората за интеракција на Фејсбук станува се почеста, а честопати предизвикува разделби и разводи.

 

Фотографии кои се како темпирана бомба

Фотографиите со бившиот партнер се еден проблем, а фотографиите каде некој друг не означува се друга темпирана бомба. Безопасната интеракција со некој на фотографијата може да се толкува сосема поинаку, особено кога ќе го земеме предвид притисокот на другите, како што е пријателот на вашето момче, кој ќе му испрати слика од вас со некого и ќе побара објаснување.

Прегледи:
468
Објавено на:
06.09.2019