Категории

За густи веѓи потребен ви е само САПУН – Трик за убавина кој ќе ве воодушеви

(ВИДЕО) Како што се менуваат трендовите кога станува збор за модата, така се појавуваат и новитети во стандардите за убавина. Сите се сеќаваме како порано беа популарни веѓите тенки како линија, додека густите и природни веѓи беа во мода во последниве години.

Од таа причина, многу дами сакаат природно подебели веѓи, па успеваат на различни начини да добијат таков изглед. Сепак, не сите методи се подеднакво успешни, а некои се болни и прилично скапи. Покрај козметичките препарати како што се сенки за очи и моливи, или трајни и полутрајни тетовирани веѓи, пополни веѓи може да се постигнат на многу поедноставен, и потполно безболен начин – со сапун.

За почеток, земете го омилениот молив или сенка за веѓи и обликувајте ги на вообичаен начин. Потоа исчешлајте ги со четка за веѓи, а потоа навлажнете го сапунот и премачкајте го со четка за веѓи, но проверете дали слојот е тенок. Со четка, четкајте ги веѓите нагоре во правецот во кој растат влакната. Не заборавајте да го чешлате горниот дел од веѓите, а кога ќе ја добиете саканата форма и густина, намачкајте ги веѓите со прстите и готово – резултатот ќе ве воодушеви.