Категории

За овие нешта никогаш никому НЕ треба да му се ПРАВДАТЕ

Само себе си ја уништувате психата, и не постигнувате ништо

Некогаш правиме некои нешта само да би им угодиле на другите. Дали после тоа се чувствуваме добро? Постојат нешта кои не треба да ги правиме против себе. И не само тоа, не треба поради тоа никому да му се правдаме.

Никому не му должите објаснување поради овие нешта.

Вашата животна ситуација
Било да се работи за тоа повторно да се гледате со својот поранешен партнер, или живеете со родителите иако сте ја преминале триесетката, не морате никому да му објаснувате. Ако сте потполно свесни за својата животна ситуација, тоа значи дека имате свои причини да бидете во таа ситуација, и тоа не е туѓа работа.

Своите приоритети
Сите ние сме единствени и имаме различни вредности, соништа и желби. Приоритетите се нешто лично.

Тоа што не ви е жал
АКо не се каете поради своите дела, иако некои други мислат дека тоа е погрешно, или ако не ви е важно простувањето на другите, немојте да се извинувате. Многу луѓе премногу брзо нудат извинување и се обидуваат да ги залечат раните кои сеуште не се спремни да бидат излечени. Не извинувајте се ако сметате дека не треба.

Тоа што ви е потребно време да бидете сами
Можеби се грижите ако ве сметаат за „невоспитани“, „анти-друштвени“ или „чудни“ ако ги откажете плановите, договорите или другите обврски затоа што едноставно чувствувате дека не сте за друштво, и сакате да бидете сами. Тоа што поминувате време сами е потполно нормално и природно и не треба поради тоа да му се правдате на никого.

Тоа што не велите Да на се што другите кажуваат
Имате право да кажете Не ако така мислите. Всушност, најуспешните луѓе на светот се оние кои се мастери на уметноста во кажување Не на се што не им е приоритет.

Својот физички изглед
Физичкиот изглед не треба да одредува како се проценувате себеси и своите вредности.

Тоа што сте сами
Било да сте сами поради тоа што околностите се такви или така сте сакале, тоа не треба никого да го интересира. Да се биде сам не е пореметување. Слободни сме да бидеме во врска или не, да бидеме во брак или не. Изборот на партнер не е ничија работа.

Одлуката за тоа дали ќе имате деца или не
Тоа е лична одлука, на која влијаат многу субјективни и објективни фактори, а кои не морате никому да му ги објаснувате. Другите треба едноставно да ја почитуваат вашата одлука.

Прегледи:
444
Објавено на:
17.02.2020