Категории

За само неколку секунди изгледајте значително помлади со помош на овој трик!

Коректорот е неизбежен дел од шминката на секоја жена. Освен што е најдобар пријатл секое утро кога ќе се разбудиме со темни кругови околу очите, помага и за сите неочекувани проблеми со кожата, од акни до црвенила.

Трикот кој за ирскиот женски портал „Her“ го открил еден мејкап артист ќе ве воодушеви. Коректорот може да ви помогне за само неколку секунди да изгледате помлади отколку што сте, а за овој трик сигурно сеуште немате слушнато.

Еве што треба да направите:

Натапкајте малку коректор во нијанса на боја на кожа околу ноздрвите и усните, потоа размачкајте го и нанесете ја останатат шминка.

Што ќе постигнете?

Кожата околу усните и ноздрвите кај повеќето луѓе е склона кон црвенило поради што изгледате уморни и постари. Можеби тоа не сте го забележале досега, но сигурно ќе ја забележите разликата кога ќе пробате овој трик, тврди мејкап артистот.

Ефектот ќе биде видлив и на остатокот од лицето кое ќе изгледа посвежо, посветло и помладо.

Прегледи:
459
Објавено на:
17.05.2018