Категории

Започнете го денот со сок од моркови, зелен чај и лимон (РЕЦЕПТ)

Напиток приготвен со здрави состојки за вистинска детоксикација на организмот!

Состојки:

  • 500 гр моркови
  • 500 мл + 750 мл + 500 мл вода
  • 3 кесички зелен чај
  • 3 лимони
  • по желба мед или шеќер

Морковите се чистат и се сечат на парчиња. Се ставаат во 500 мл вода и се варат 25-30 минути. Треба да се меки кога ќе се забодат со вилушка. Потоа се блендираат во фина каша заедно со водата во која се вареа. Во друго тенџере се става 750 мл вода да зоврие и во него се ставаат кесичките со чај. Се покрива и се остава 10на минути. Потоа се вадат кесичките и течноста се меша со кашата од моркови. Се цеди сок од 3 лимони и се додава во смесата. И на крај се засладува по вкус и желба. Препорака е мед, но кој нема или не сака секако можи да додаде и шеќер, или пак комбинирано. Се додава 500 мл вода и сето ова убаво се меша додека сладилото се стопи и се истура во стаклени шишиња, па во фрижидер на ладење.

Прегледи:
688
Објавено на:
15.08.2018