Категории

Запознајте ја оваа крзнена шик дама, која го освојува модниот свет

Голем дел од нашето изразување е врзано со начинот на кој се облекуваме. Многумина повеќе го сакаат лежерниот стил и не обрнуваат внимание на тоа што го облекуваат, но оваа крзнена дама Hummus ќе ви одржи модна лекција.

Таа е новата ѕвезда, која позира во секакви шик изданија.

Таа живее во Ирска со нејзиниот „татко“ Jason McGroaty кој ја посвоил кога таа имала три месеци. Заедно живеат веќе девет години „Ја посвоив кога имаше 3 месеци, но пред неколку години нејзиното здравје беше нарушено. Многу ослабе и беше постојано уморна.“ раскажува тој „беше дијагнозирана со леукемија.“

Ова е лесно пренослива болест, и за жал Hummus го фатила вирусот, што значело нема веќе одење надвор за неа. Тоа значело здодевно поминати денови дома, но тогаш тој се сетил да започне нешто интересно.

 

Неговата љубов кон модата и стилизирањето ја насочил кон мачката, со што Hummus можеме да ја видиме во многу шик изданија. 

 

„Таа е одличен модел и ја сака облеката“ раскажува тој, а резултат на нивната забава е книгата Cat Couture која содржи 30 колор фотографии од Hummus во различни модни изданија. 

 

„Ужива додека и земам мерки за облеката, преде и е среќна од целото внимание.“ 

И покрај нејзината дијагноза, таа се навикнала на ваквиот живот, ужива во грижата, вниманието и нивната забава која е свовиден мемоар на нивниот домашен живот.

 

Прегледи:
437
Објавено на:
13.03.2018