Категории

Зависноста од шопинг е здрава – велат стручњаците

Дали и вие сте шопингохоличарка?

Жените шопингуваат а мажите купуваат. Оваа разлика во зборовите објаснува многу за различните полови, а коренот се влече дури од праисторијата. Тогаш мажите биле ловци, а жените собирали плодови. Посилниот пол се враќал дома кога ќе завршел со ловод, додека пленот бил свеж. А на жените им требало повеќе време додека да пронајдат и соберат вкусни и здрави плодови. И тоа како што тврдат стручњаците денес се препознава во навиките.

Мажите одма го купуваат она што му се допаѓа додека дамите со саати бираат и пребираат. Просечната жена поминува 48 часа годишно разгледувајќи излози, како што израчунале научниците. А колку размислува за тоа е тешко да се провери.

Зависноста од купување се препознава по тоа што почнуваат да се насобираат долгови, ги кријат сметките и лажат за тоа колку пари се потрошени. Купохоличарите се во постојан страв дека ќе бидат откриени. – вели психијатарот Лорин Коран од универзитеот во Станфорд.

Една студија покажа дека секоја 60 секунда девојките помислуваат на купување. Ако се земе во обзир и спиењето осум часа, испаѓа дека 960 пати дневно мислат на шопинг. Тие често тоа го оправдуваат дека е виша сила или има терапевтска цел со што купувањето им помага да ги „преживеат“ дневните стресови. Исто така, статистиката вели дека дамите кои поминуваат повеќе од 17 часа неделно по бутици и излози, се послаби и поздрави и благодарение на новиот пар чевли или облека кои ќе ги купат, почесто се насмеани и помалку склони кон депресија.