Категории

Здрав појадок со хранливо протеинско смути (ВИДЕО)

Свежата, непреработена храна е исклучително важна за вашето здравје, а смутито направено свежи и разновидни состојки е одлична опција за почеток на денот која ќе ви даде енергија за цел ден. 

Ова зелено протеинско смути е одлично за почеток на денот, но и после физичка активност или тренинг. Ќе го нахрани вашиот организам со многу минерали, витамини, антиоксиданти и секако, природни протеини.

Миксот од авокадо, банана и спанаќ е исклучително хранлив, а надополнето со индиските ореви, бадеми и чија семето е гаранција за супер смути. Ленот е тука за одлична хармонизација на дигестивниот систем, а брусницата ќе ви ги даде потребните природни шеќери.

Прегледи:
915
Објавено на:
10.12.2017