Категории

Здружението „Златно перо“ организира хуманитарна продажба на детски книги

Здружението „Златно перо“- Битола организира хуманирна продажба на детските книги од својот книжевен опус по цена од 150 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за организација на хуманитарни акции, хуманитарни настани и помош на социјално загрозени семејства.

Здружението за наука култура и литература „ЗЛАТНО ПЕРО“- Битола е невладина, непартиска и непрофитна организација формирана со слободно здружување на граѓаните, заради усогласување и остварување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности со цел отворање на нови простори за слободно креативно изразување во областа на науката културата и литературата.

Златно Перо“ е здружение кое се занимава со издаваштво на книги за деца и млади во печатена и е-форма, организација на работилници за личен раст и развој, организатор намногу поетски читања со цел јакнење на современата македонска литература и дава шанса на многу млади писатели да го истакнат својот потенцијал, организатор на бројни хуманитарни акции. Нивната мисија, визија и крајна цел е јакнење на ентузијазмот на младите како движечка сила во едно општество.

Достава низ цела Македонија со нарачки на телефон: 070/781-308 или е-маил [email protected].