Американската актерка и пејачка Зендаја на светската премиера на нејзиниот нов филм „Дина: Втор дел“ се појави во роботски стил којшто украде многумина погледи.
Имено, актерката се појави во костум-робот, металик комбинезон којшто е во хармонија со дистопската приказна во далечна иднина.
Футуристичката креација којашто Зендаја ја носеше не е воопшто удобна и лесна за носење, па така актерката позираше со бавни движења во стил на робот.
После тоа се пресоблече во елегантен црн фустан којшто ја нагласи нагласи нејзината убавина.