Категории

Жал ми е – но имаше своја шанса

Затоа што не се работи за тоа колку шанси може човек да даде, туку на кого му се даваат тие.

Имаше своја прилика, но ти ја уништи, и да верувам во втора шанса, но ти дадов толку шанси кои не ги искористи досега..

Имаше прилика да допреш до мене тогаш кога останавме цела ноќ да разговараме за нашите животи и да поставуваме интимни прашања. Тоа беше твоја прилика да ме пронајдеш на моето место каде се криев од другите.
Имаше прилика да ги срушиш моите ѕидови затоа што навистина ти верував. Ти зборував за сите пати кога ми беше скршено срцето и се надевав дека ти си тој кој нема да го направи тоа. Ти зборував за своето минато и се надевав дека нема да станеш дел од него. Ти зборував за своите соништа и фантазирав дека ќе бидеш и ти дел од нив.

Имаше прилика да ме засакаш, тогаш кога бев подготвена да ти го дадам срцето и кога бев спремна да го отворам твоето. Тогаш кога разговарав искрено и отворено со тебе, те гледав со воодушевување, те држев со нежност и кога ти ветив дека ќе ги отпакувам сите твои нешта.

Би била твоја да ме прашаше..

Ја имаше секоја прилика која можеше да ја добиеш, но не ни беа потребни.
Те чекав доволно долго, но ти никогаш не се појави.
Плачев доволно за тебе, но никогаш не ми ги избриша солзите.

Пронаоѓав секакви можни изговори за тебе само за да не те изгубам, но сите ги истрошив.
Имаше своја прилика која не ја зграби.
Имаше своја прилика која не ја искуси.
Имаше своја прилика и донесе одлука.

И сега јас донесов своја одлука. Ќе барам некој кој ќе ми даде праведна шанса. Ти веќе не можеш да бараш нова затоа што веќе ги потроши сите.
Затоа што не се работи за тоа колку шанси може човек да даде, туку на кого му се даваат тие.

Прегледи:
659
Објавено на:
16.01.2020