Категории

Жена се разбудила од кома после 27 години

Приказната за жената од Обединетите Арапски Емирати која после 27 години се разбудила од кома, се наоѓа на насловните страници на светските медиуми.

 

 

Приказната за Munira Abdulle на почетокот на неделата ја пренесе National од Абу Даби. Тие наведуваат дека во 1991 година училишен автобус удрил во автомобилот во кој биле Abdulla и нејзиниот син. Детето поминало со лесни повреди бидејќи мајката го држела во прегратка.
Abdulla тогаш имала 32 години. Нејзиниот син, кој сега има 32 години, појаснил дека неговата мајка минатата година се разбудила во болница во Германија.
Приложена е и фотографија од жена во инвалидска количка во Големата џамија во Абу Даби, каде таа сега живее.
Во текот на лежењето во болницата Abdulla е хранета со цевка и била изложена на физикална терапија за да не и атрофираат мускулите.

Прегледи:
592
Објавено на:
25.04.2019