Категории

Жената со слободна душа – Зошто е толку неодолива?

„Сакам бурни ноќи и полна месечина. Сакам волци и дива вода. Сакам да лутам и сакам авантури. Сакам непредвидливи бакнежи и разговори полни со неочекувана вистина. Сакам нешта кои имаат душа. Се чувствувам слободно.“ – Брук Хемптон

„Јас сум жена со циганска душа. Јас сум скитник – никој не може да ме поседува.
Слободата е мој лек.
Откривањето е мој грев.
Непознатото го довикува моето име, ги следам ветровите. Јас комуницирам со ѕвездите. Мојот пат е осветлен со цел и страст. Не сум изгубена, љубовта ми ја покажува насоката.“

Ова се особините на жената со циганска душа:

Таа танцува во ритамот на сопственото срце
Жената со цигански дух го следи сопственото срце. Таа не се грижи за правилата и конвенциите. Таа знае што сака и го прави она од кое се чувствува добро.
Не и одговараат правилата. Секогаш се преиспистува и одбива да се држи до нормите. Таа ја следи сопствената интуиција и ништо нема да ја смири.

Слободата и е важна
Циганската душа е боем во срцето. Таа одговара на секој повик на непознатиот ветер. Љубопирна е како дете и рутината не и е блиска.
Слободата и е важна и патувањата се нејзина прва љубов. Никој не може да ја зароби. Ќе остави се или секого кој ја ограничува нејзината слобода.

Таа е жестоко независна
Циганската душа може да ви изгледа како самотник. Но таа само ужива во својата самотија. Таа е жестоко независна и не зависи од никој поради својата среќа и исполнетост. Таа е самостојна и ги следи своите најлуди соништа.

Непредвилива е
Циганската душа е парадокс. Таа е повеќеслојна. Поради својата љубов спрема животот, таа има различни интереси.
Сака да биде сама дома, да чита книга исто толку колку што сака да оди на концерти. Разиграна е како дете и мудра како древните мудреци.

Таа сака да ги проширува своите хоризонти
Циганската душа секогаш бара нешто ново и возбудливо. Било да е тоа ново место, нова книга, ново хоби или нова вештина. Рутината и е досадна. Нејзината желба за живот е незаситна и постојано бара да ги проширува своите хоризонти.

Таа е срдечна
Циганската душа се води според своите чувства. Без оглед на тоа што чувствува страс, било да се работи за нејзината работа или однос, таа го става целото свое срце и душа.

Таа сака безусловно
Љубовта на циганската душа се разликува од било која друга. Таа сака длабоко и бесузловно. Таа пружи неразбирлива врста на љубов и простор за да можете да бидете она што сте.
Таа ќе ве поттикен да ги проширите своите хоризонти и да станете најдобра можна верзија на себе.

Го живее животот со полна плуќа
Циганската душа е заљубена во целиот Свемир. Таа ги негува малите мигови и знае како да живее живот со полна плуќа.
Циганската душа знае дека животот е подарок и секој здив е важен.

Таа верува во магија
Жената со дива, циганска душа е оптимист. Таа ја открила врската со Свемирот и верува во магија. Таа знае дека не постојат ограничувања, и може да постигне се што сака и го следи своето страствено срце. Таа го создава животот од кој срцето и чука забрзано и од кој очите и се полнат со искри.

„Циганската душа не е изгубена. Циганската душа е онаа која сака движење и пронаоѓа импулс во природата. Таа мисли дека се е музика. Таа поседува знаење и заразна врста на слобода“ – Викторија Ериксон.

Прегледи:
510
Објавено на:
13.04.2020