Категории

Жени сакале да го покријат израстокот а фризерите ги претвориле во седи диви

Трансформацијата е вистински феноменална.

Многу жени со години се трудат да го прикријат седиот израсток, некогаш тога им оди од рака, а некогаш е вистинска борба со фарбите. Но клиентките на фризерот Џек Мартин не мораат повеќе да подлегнуваат на чести и агресивни третмани затоа што овој човек ги претвара во седи диви.

Во триесеттите години можеме да ги изброиме на прстите на рацете, а во педесеттите седите влакна полека превземаат власт над природните нијанси на кафеава, црна или плава. Како и брчките, седите влакна се показател на созревање и во тоа нема ништо лошо.

Овој стручњак започнува со вклопување на преостанатите бои за коса а клиентките мораат да дојдат со барем 3-4 центиметри израсток со цел да заклучат дека тоа нивната природна нијанса на седа коса. Таа природна нијанса тој ја применува на целата должина на косата и после неколку часа поминати во салон, клиентките добиваат фантастичен и природен изглед.

Прегледи:
723
Објавено на:
30.11.2020