Категории

Жените откриваат кои делови од своето тело прават да се чувствуваат несигурни во себе

Ако и ти не сакаш некој дел од своето тело, еве доказ дека не си сама.

„Знам дека не би требала да бидам несигурна за ова, но сум – ги мразам своите стрии и се обидувам да направам се возможно за да ги отстранам, но и понатаму се тука. Не можам да си помогна, но мислам дека би била многу посреќна без нив.“

„Ги мразам своите брадавици. Дури и не сакам да го соблечам градникот во текот на интимните односи, освен ако дечкото не направи да се чувствувам добро во своја кожа. Тие се толку големи и прават да се чувствувам несигурна во себе. Се плашам дека кога дечкото би ги видел, ќе раскажува наоколу за тоа дека бил со девојката која ги има најголемите брадавици на светот“

„Имам поместен ножен прст, четвртиот ножен прст на левата нога не е таму каде што би требал да биде. Подигнат е малку повеќе и седи над мојот трет прст. Го мразам тој прст и секогаш сум го мразела. На лето не носам сандали, затоа што имам чувство дека сите гледаат во мојот изопачен прст“

„Моите глупи бутови. Ги мразам колку се огромни, и колку и да се трудам да ги прикријам со облеката. Изгледам како сета моја тежина да се наоѓа во бутовите“

„Јас всушност мразам да носам бикини – летото е време кога се чувствувам најмногу несигурно. Се обидувам да ја избегнам плажата и бикините по секоја цена, затоа што се чувствувам несигурно и лошо“

„Мојот целулит ме тера да плачам секој ден. Секогаш го гледам на сликите кога носам кратки панталони, затоа се трудам да ги избегнувам. Ужасно ми е незгодно и не можам да се опуштам“

„Го мразам својот стомак. Изгубив 20 кг и сега ми остана висечка кожа која не можам да ја сокријам нити со облеката. Иако сум горда на себе што успеав да симнам толку килограми, и понатаму сум искомплексирана поради вишокот кожа на стомакот“

„Ова можеби некому ќе звучи чудно, но ги мразам своите раце и прсти. Огромни се, всушност имам мажествени раце, а прстите ми се некако буцкасти и единствен прстен кој можам да го носам е тој со машка величина“