Категории

Жените после 40-тата се неспоредливи и едноставно генијални

Постарите жени претставуваат вистинска инспирација во секојдневниот живот, тие не престануваат да го освојуваат светот

Новинарот Енди Руни сподели важни лекции и мислења за тоа што претставуваат жените во својата златна доба.

„Како што созревав, се повеќе ги ценев жените над 40“
Жената постара од 40, никогаш нема да се разбуди и да праша: „За што размислуваш?“ Таа едноставно не се грижи за тоа што мислите. Ако жената преку 40 не сака да гледа натпревар во фудбал едноставно нема да седи покрај вас и да се жали на тоа. Таа ќе прави нешто што сака да го прави, а тоа е нешто интересно. Таа се познава себеси и знае која е, што сака, и од кого го сака.
Жените над 40 не ги интересира кој што мисли за нив. Тие се достоинствени, и нема да дозволат некој да ги третира лошо.

„Постарите жени се великодушни, тие знаат како е да се биде недоволно ценет“
Жените над 40 самоуверено ги запознаваат своите партнери со нивните пријатели. Младите жени често го избегнуваат тоа бидејќи немаат доверба кога се мажите и жените во прашање. На жените над 40 воопшто не им е гајле ако на партнерот му се допадне нејзината пријателка, затоа што таа знае дека таа нема да ја изневери.

„Жените со текот на годините стануваат видовити. Не морате да им ги признавате вашите грешки, тие веќе ги знаат“
Жените над 40 многу добро знаат како со црвениот кармин. Што не е правило за младите жени. Откако ќе им се појават брчките, тие стануваат по сензуални од младите жени.
Тие се искрени и чесни. Ќе ви кажат директно и во очи ако некој е кретен и неморате да се прашувате на што сте во односот со неа.

„За сите оние мажи кои велат „Зошто да купите крава кога можете да добиете млеко бесплатно“ ова е поука – денес дури 80% од жените се против бракот. Зошто? Затоа што жените сфаќаат дека не е вредно да купат цело прасе само за малку колбаси“ – изјави новинарот.