Самодовербата на врвот. Еве во кои години од животот, жените се сметаат за најатрактивни
Иако многу би помислиле дека се работи за дваесеттите години, студијата покажува дека жените нешто подоцна добиваат високо ниво на самодоверба, а тие имаат најдобра слика за себеси.
Студијата на британскиот ланец „House of Fraser“ открила дека жените во триесеттите години се чувствуваат атрактивно и пожелно за машкиот пол.
Според истражувањата во кои учествувале 2000 жени од Велика Британија, жените се сметале себеси за најпривлечни во 34-тата година. Клучна улога за убавата слика за себе има самодовербата на која работеле во текот на изминатите години.
Исто така, голем дедл од жените потврдиле дека овие години им донесуваат и квалитетна врска, но и дека нивното либидо расте.