Категории

Животот е еден и ништо не е толку вредно за да се откажете од него

Тоа е толку ретка и неверојатна работа, да се биде жив.

Да се смеете толку силно што вашето тело заборава како да здивнете и врескате. Во секој миг знаете дка можете да се промените на секој начин, без да се обидувате, ја имате способноста на тоа. Да бакнувате и плачете и да јадете десерт и да зјапате во таванот и да се прашувате дали сте доволно среќни. Само помислете на цвеќиња што растат без да бидат засадени и старите кучиња и деца кои посегнуваат да го допрат небото затоа што сè уште не ги знаат границите на светот. Помислете на големите бури што ги бришат малите крајбрежни села, и првата љубов која ви го скрши срцето што мислевте дека никогаш повгорно нема да умеете да засакате, помислете на тоа кога не го препознавате ваш сопствен одраз кога сето тоа помина и веќе станавте нова личност.

Затвори ги очите и помисли на сето тоа, колку делува тешко но всушност се се менува толку лесно.  Затоа што еве ја вистината како што ја знаеме: да се биде жив значи да се биде сè одеднаш. Да и не. Ова, но и тоа. Нешто толку далеку од она што можеме да го видиме и допреме и разбереме. Да се живее е реткост, да се живее е магија, толку неверојатна.

Прегледи:
447
Објавено на:
30.06.2021