Категории

Животот е патување, оставете го товарот на минатото – Со него нема да стигнете никаде!

Животот е патување. Но, никогаш не заборавајте една работа. Не патувајте со тешки товари! Гнев, незадоволство, самосожалување, бес. Штом тие работи ќе ви влезат под кожа, никогаш повеќе нема да бидете исти. Ќе ја гледате убавината на небото, зајдисонцето, природата но нема да ја видите. Затоа што тие проблеми секогаш ќе ги носите во себе. И тоа не е само товар на душата. Тоа се отрови. Оставете ги настрана и тргнете слободно во иднината. Со насмевка на лицето и мир во срцето.

Ќе биде патување низ тешки денови. Да, ќе има невреме. Но тоа е само дел од патувањето, нема да траат засекогаш. Некои работи едноставно не можете да ги промените. Важно е само да не останете на истото место, туку секој ден да одите напред. До новата станица, да бидете нов човек. Луѓето што ќе ги запознаете ќе ви покажат дека ова патување има смисла. Тој живот вреди да се живее без разлика колку е тежок. Затоа, патувајте, сонувајте, чувствувајте додека сте живи. Немате друга шанса.

Прегледи:
400
Објавено на:
17.01.2022