Категории

Животот многу пати ќе те те направи ранлив – Но не за да те уништи туку за да го дадеш најдоброто од себе

Научи да живееш со својата слабост. Таа е дел од твоето битие и не гледај на неа како на нешта лошо.

Научи дека светот понекогаш ќе ги буди твоите лоши страни и ќе ти биде потребно многу сила за се воздржиш. Научи дека многу ќе ја провоцира твојата ранливост, особено оние пред кои си покажал доверба. Научи да живееш со тоа дека во твојот живот ќе влезе некој кој ќе се обиде да ја поткопува твојата самодоверба но немој да ги слушаш туѓите мислења и зборовите на тие луѓе, само помини покрај нив и продолжи по својот пат.

Научи да живееш со своите слабости. Научи да живееш со фактот дека твојот живот нема да трае вечно и престани да се однесуваш и да глумиш дека секогаш ќе го имаш она кое го имаш сега и дека ќе биде она што сега е. Научи да живееш со фактот дека постојат луѓе кои во тебе секогаш ќе гледаат нешто лошо без оглед на тоа што правиш но ќе има и луѓе кои во тебе секогаш ќе гледаат нешто добро без оглед на тоа што правиш.

Научи да живееш со сознанието дека си богат не тогаш кога имаш многу нешта туку тогаш кога никој не може да го купи твојот карактер. Научи да живееш со фактот дека треба да се откажеш од многу нешта доколку сакаш да живееш убав живот, да се откажеш од стравовите, промените, обидот да им угодиш на сите и залажувањето дека имаш пријатели онолку колку што имаш луѓе во убавите мигови. Кога ќе ги разоткриеш тие нешта ќе видиш дека вистината е поважна од се.

Научи да живееш со сознанието дека многу пати ќе се сомневаш во себеси но тие сомнежи не се тука за да те уништат туку да ја прочистат твојата слика за себеси самиот. Немој да веруваш во се што ќе чуеш, немој да се поклонуваш на некого кој се поставува над тебе. Имај свој пат и иди по него без оглед на тоа што луѓе околу тебе зборуваат. Животот многу пати ќе те направи ранлив но не за да те уништи, туку за ти да го дадеш најдоброто од себе.

Прегледи:
486
Објавено на:
19.12.2020