Категории

ЗЛАТНИ СОВЕТИ ЗА НЕГА НА КОСАТА: Ова мора да го знаат сите жени!

Постојат многу работи што не ги знаете за вашата коса и на кој начин правилно да ја негувате и третирате

Веројатно не сте знаеле што навистина и штети на косата! Дали на вашата коса и недостасува виталност и сјај? Колку често всушност треба да ја миете косата? Сигурно сте се обиделе да ја „оживеете“, но безуспешно. Можеби не сте свесни, но работите што секојдневно ги правите само уште повеќе ја оштетуваат вашата коса.

Миењето на косата секојдневно нема да ја оштети, но затоа ќе ја оштетат препаратите кои ги користите за негување на вашата коса. Овие препарати кои изгледаат како дека можат да и дадат волумен и сјај – напротив тие само ја оштетуваат.

Како прво, оштетената коса ќе ја препознаете по сувите и ронливи краеви, а нездравата коса ќе има преголем волумен, или нема да можете да ја скротите. Покрај тоа, косата која е сува и кршлива исто така е оштетена.

 

Кои се најголемите причини за оштетена коса?

Честата употреба на апарати за стилизирање на косата може да биде многу штетно, но само доколку се користат неправилно.

Прво – неопходно е пред обликување на косата со помош на преса, фигаро и слични уреди, да ја заштитите косата со соодветен производ. Обрнете внимание и на поставената температура.

Второ – Набавете висококвалитетни апарати за стилизирање на косата за да ги намалите штетите од оштетување.

Една од можните причини за оштетување на косата е сушењето на косата без заштита. Ако го правите ова редовно, косата со текот на времето може да стане сува и оштетена.

Исто така, врзувањето на косата во коњска опашка која е премногу стегната може да ја уништи косата и да ја оштети.

 

Дали е правилно да ја миете косата секојдневно?

Одговорот на ова прашање е – ДА! Косата може да се мие секој ден, но во овој случај, се препорачува поблаг шампон.

 

Што треба да избегнувате за да ја одржите косата здрава?

Најдобро е да ја сушите косата природно. Во ред е да ја третирате косата понекогаш со некои апарати за стилизирање, но се препорачува тоа да го правите само во посебни прилики, а не на дневна основа.

Прегледи:
478
Објавено на:
17.10.2019