Категории

Знаете ли како континентите ги добиле своите имиња?

Африка, Америка, Азија… Дали некогаш сте се запрашале зошто токму овие имиња? Дознајте како, и од кого, континентите ги добиле своите имиња.

Африка

Постојат различни теории за тоа како Африка го добила своето име. Според една од теориите, откако Римјаните ја поразиле Картагина во војна, новоизграденото место било наречено Африка. Иако најпопуларната теорија сугерира дека името потекнува од племето Афри. Други теоретичари веруваат дека името потекнува од феникискиот збор афар – прашина.

Азија

Името Азија се појавува во историјата на Херодот, 440 години пред нашата ера, а потекнува од старогрчкиот збор. Ова не ја исклучува можноста дека името се користело и порано. Името не се однесувало на целиот континент, туку само на земјите од источниот брег на Егејското Море, а подоцна и Анадолија. Теоретичарите веруваат дека името потекнува од феникискиот збор асу-исток и акадскиот збор асу- да се издигне. Поради ова Азија се нарекува земјата на изгрејсонцето.

Антарктик

Антарктикот е најјужната точка на нашата планета, а неговото име потекнува од грчкиот збор антарктика – спротивно на северот. Шкотскиот картограф, Џон Бартоломеј, е наводно првата личност која го користела терминот Антарктик за тој континент.

Австралија

Terra Australis Incognita на латински значи непозната земја на југ. Приказните за постоењето на овој континент датираат од античкиот Рим. Терминот тера австралис е создаден откако Европејците го откриле начинот да стигнат до овој континент.

Европа

Се претпоставува дека Европа била именувана според една од љубовниците на Зевс, од грчката митологија – Европи. Легендата вели дека Зевс лично ја киднапирал Европи, претворен во бик, и ја однел на Крит. Според една од теориите, терминот е изведен од акадскиот збор еребу – слегува, или од феникискиот збор ереб – вечер, запад.

Северна и Јужна Америка

Познато е дека Америка била именувана според Америго Веспучи, кој патувал во Новиот свет во 1499 и 1502 година.