Категории

Знај кога е вистинско време да престанеш – само храбрите и големите го прават тоа

Престани да велиш „можам“ кога не можеш, „сакаш“ кога не сакаш, „во ред“ кога не е во ред.

Престани да зборуваш само лошо за луѓето, особено кога не се присутни. Престани да кукаш, престани постојано да размислуваш за тоа што го немаш:
Престани да користиш исклучиво само лифт и превоз.
Престани да стоиш пред огледало и да го пронаоѓаш маани.
Престани да ги трошиш своите нерви на банални нешта, престани да ги грицкаш ноктите, да седиш буден до изутрина размислувајќи.
Престани да се споредуваш себеси со другите.
Престани да велиш „можам“ кога не можеш, „сакаш“ кога не сакаш, „во ред“ кога не е во ред.
Престани да јадеш набрзина, престани да јадеш лоша храна.
Престани постојано да гуглаш симптоми.
Престани да размислуваш за сите лоши нешта кои ти ги рекле другите.
Престани да се обидуваш да изгледаш среќен само пред другите.
Престани да ги задржуваш солзите.
Престани да им веруваш на лажните луѓе наместо на сопствените очи.
Престани да одбиваш помош од оние кои можат и сакаат да ти помогнат.
Престани да се обидуваш да станеш најдобар, најуспешен, најсовршен.
Престани да ја доживуваш секоја критика како личен напад.
Престани постојано да гледаш во телефонот.
Престани за секој чекор да користиш превоз, пешачи.
Престани да го купуваш она што не ти треба само за да купиш нешто.
Престани да го чекаш викендот.
Престани да се обидуваш да ги промениш другите.
Престани да ги следиш бившите на социјалните мрежи.
Престани да бараш, остави тоа што треба само да те пронајде.
Знај кога е вистински момент да престанеш нешто, затоа што само силните, храбрите и големите го прават тоа.