Категории

Зошто е здраво да пиете виски!

Вискито е еден од најпопуларните алкохолни пијалаци во светот, а освен тоа што не предизвикува мамурлак (ако се пие умерено), има и многу позитивни ефекти врз нашето здравје.

Ја подобува меморијата

Вискито содржи антиоксиданти кои го подобруваат здравјето на мозокот. Дополнително, алкохолот ја подобрува циркулацијата на крвта, што исто така ја подобрува меморијата. Етанолот во вискито им помага на невроните правилно да функционираат, правејќи ве уште поефикасни.

Ве ослободува од стресот

Ако го пиете умерено, вискито го намалува стресот и ги смирува нервите. Комбинацијата на забавување на мозочната активност и зголемувањето на циркулацијата на крвта се клучни за постигнување на смиреност.

Помага при слабеење

Во споредба со другите пијалаци, вискито нема многу калории, нема масти и нема холестерол. Ако сте на диета а сакате да пиете – виски е вашиот избор.

Го намалува ризикот од срцев удар

Вискито го спречува холестеролот да се акумулира во кардиоваскуларниот систем, а вишокот го отстранува од телото. Ги опушта ѕидовите на артериите, а со тоа и значително го намалува ризикот од срцев удар.

Го намалува ризикот од рак

Вискито содржи антиоксидант кој го спречува контактот на ДНА-та со канцерогени соединенија, а го штити и телото за време на хемотерапија.

Помага со варењето

Со векови, вискито се сметало за лек за проблеми со дигестивниот систем, а се препорачувало да се пие после обилен оброк. Заради високиот процент на алкохол во него, вискито ефикасно го потиснува и апетитот.

Го продолжува животот

Антиоксидантите во вискито помагаат во борбата против слободните радикали – најголемата причина за стареењето.  Можат да го пијат и дијабетичари Бидејќи нема јаглехидрати, вискито не влијае врз нивото на шеќер во крвта, но мора да се пие умерено и никогаш на празен стомак. Сепак, консултирајте се со доктор пред да пиете.

Спречува настинки и грип

Вискито е познато по позитивните ефекти врз алергиите и настинките. Исто така е ефикасен „сируп“ за кашлање за луѓе со болно грло, а алкохолот ги убива бактериите во грлото. За најдобри резултати, додадете малку виски во шолја топла вода и лимон.

Прегледи:
769
Објавено на:
13.01.2016