3.ОБЛЕКА
Облеката која ја носиме треба често да ја проветруваме затоа што таа ја впива влагата и потта кои ги создаваат нашето тело и стапала. Експертите препорачуваат на чевлите да им дадеме минимално еден ден “одмор” по носењето и да користиме други чевли.
Меѓутоа, многумина не можат да си дозволат да имаат поголем број на чевли, некои од финансиски, а други од практични причини бидејќи мора истата облека и истите обувки да ги носат секој ден на работа.
Во тој случај, од огромно значење е правилната нега на стапалата. Задолжително, неколку пати седмично направете пилинг на стапалата и отстранување на мртвите клетки и сувата кожа, а по потреба негувајте ги стапалата со лосион и други хидрантни креми за омекнување на кожа. Носете памучни чорапи и бирајте обувки од природен материјал.
4.АТЛЕТСКО СТАПАЛО
Тоа е инфекција со која често се среќаваат лица кои одат во теретана, а исто така и доколку пешкирите не се перат доволно често. Таквата инфекција се лекува со антифунгални креми, но не смее да се заборави дека влагата и топлината за време на вежбањето може да помогне во брзиот развој на габичките кои се обидуваме да ги уништиме.
Затоа експертите советуваат со кремот да се мачка дното и страните од стапалото, а за прстите и просторот меѓу нив, да се користи антифунгална пудра.
1 2