Категории

Зошто некои луѓе не умеат да ја препознаат лажната убавина?

Мудра приказна со длабока поука која во себе крие голема вистина.

Еден ден, на плажата се сретнале Убавината и Грдотијата.

„Ајде да одиме да пливаме во морето“, рекле тие.

Тие се соблекле и почнале да пливаат. По некое време, Грдотијата излегла од морето, ја облекла облеката што и припаѓала на Убавината и тргнала по својот пат.

Кога Убавината излегла од морето, не можела да ја најде својата облека. Засрамена да оди гола, ја облекла облеката на Грдотијата и тргнала по својот пат.

Дури и денес, луѓето често ги мешаат една со друга. Сепак, има такви кои ја препознаваат Убавината без оглед на тоа како е облечена, како и такви кои ја препознаваат Грдотијата со тоа што не се заведени од нејзината облека.

Прегледи:
641
Објавено на:
07.02.2021