Категории

Зошто повеќе никогаш нема да носам тесни фармерки…

Иако се апсолутен тренд и едно од омилените парчиња на жените од различни возрасти, сепак новинарката на сајтот popsugar, го сподели искуството од носењето на тесни фармерки и објасни зошто повеќе нема да ги носи.

Во продолжение ви го пренесуваме текстот:

„Како дете, се сеќавам дека мразев да носам фармерки. Воопшто не ми се допаѓаше тој тренд на нерастегливи фармерки од 1990-тите, што се заглавуваат кај зглобот, па ги молев родителите дури и во најстудените  денови во зима да носам фустанче.

Но, после неколку години, почнав да носам фармерки и тоа оние најтесните. Сакав да се вклопам во друштвото и ги носев постојано, во комбинација со розови балетанки…

Сепак, оваа моја модна приказна нема среќен крај. Пред неколку години, се погледнав во огледало и сфатив дека не ми се допаѓа како моето тело изгледа во тесни фармерки. Погледнав и стари фотографии – моите куси нозе во фармерките изгледаа како „трупци“. Колковите – дел од моето тело што не е многу ласкав – изгледаше уште попроширен. А тука беше и фактот дека нозете секогаш ги чувствував како „заробени“ во фармерките и кога ќе влезев дома едвај чекав да ги соблечам.

Затоа и престанав да ги носам, а на нивно место дојдоа широките „момчешки“ фармеки, како и ѕвонарките. Ги исфрлив сите тесни фармерки, дури и тие две-три што ги оставив за некои комбинации, а еве и зошто:

Не се добри за здравје

Сигурно кога ќе ги соблечете тесните фармерки, ја забележувате на нозете или задникот, линијата од рабовите, што секако не е добар знак. Тоа значи дека премногу ве стегаат, ја „пореметуваат“ циркулацијата, ги прават нозете „укочени“, што може да предизвикаат и здравствени проблеми, а јас не сакам да ризикувам за такви работи.

Невозможно е да се опуштиш во нив

За викендите преферирам комфорност, а тоа сигурно не се тесни фармерки, како хеланки. Сакам нешто во што ќе можам слободно да се движат, без да имам чувство дека нешто ми ја „заробува“ ногата. Кој може да се опушти во нешто толку ограничувачко? Јас не.

1 2

Прегледи:
952
Објавено на:
17.03.2016