Категории

Зошто серумите се толкав хит во светот на убавината и негата?

Серумите претставуваат револуционерен начин на нега и сега се вклучени во секој чекор од  рутините за убавина и нега. Дознајте зошто е тоа така.

Навикнати сме да поседуваме цела една палета од различни типови кремови за лице. Сите тие креми се создадени за некоја посебна цел и дејствуваат врз кожата на специфичен начин. Во својата структура покрај активните состојки содржат и состојки кои се неопходни како би имале кремаста структура и понекогаш осетливата кожа може да реагира на нив.

Серумите се разликуваат и по својата структура но и по делувањето.
Серумите за кожа се најефикасен начин да и ги обезбедите драгоцените состојки за нејзина нега. Серумите содржат поголема концентрација на активни состојки од вообичаените препарати за нега на лице. И тука не е крајот на убавите вести!
Посебно важно и особено не радува тоа што серумите содржат молекули кои се помали отколку во другите препарати, па со самото тоа подобро продираат длабоко во кожата.
За да го одберете вистинскиот серум погоден за вашето лице прво треба да знаете што точно ви треба. Постојат врсти кои можат да и помогнат на секој тип и проблем на кожа, па многу лесно ќе го пронадјете идеалниот за вас.

Прегледи:
423
Објавено на:
11.09.2019