Категории

Зошто спиењето во ладна соба е добро?

Ниската температура во спалната соба може многу да му годи на вашето здравје.

Температурата на воздухот во спалната соба може да има огромно влијание на квалитетот на сонот. Иако веројатно поголемиот дел од нас не обрнуваат многу внимание на температурата на спалната соба ноќе, за квалитетен сон е најдбро ако термометарот покажува измеѓу 15 и 19 степени. Меѓутоа ако температурата е повисока од 24 степени или пониска од 13 степени, тоа може да доведе до немирен сон.

Зошто температурата е толку важна?
Нашата телесна температура природно расте и опаѓа во текот на 24 часа. Највисока е доцните попладневни часови а најниска е околу 5 часот наутро. Спиењето обично почнува кога ќе падне телесната температура, па ладната спална соба може да ве поттикне да заспиете побрзо. Ако квалитетниот сон не ве убедува да спиете во ладна соба, постојат и други фактори кои сигурно ќе ве натераат да сакате.

Ќе имате мирен сон
Некои облици на несоница се резултат на лошото регулирање на телесната температура. Ако ви е тешко да заспиете навечер, ладната спална соба може да ви помогне да ја намалите телесната температура и да го олесните својот сон.

Ќе изгледате младолико
Спиењето во соба со пониска темпертура од 21 степен го поттикнува лачењето на мелатонин во телото кој е еден од најдобрите телесни хормони против стареење.

Може да ви помогне да изгубите килограми
кога ќе падне телесната температура, кортизолот се намалува што ви овозможува квалитетен сон. Кога не спиете доволно се будите со високо нивно на кортизол што значи дека многу веројатно ќе посегнете по колачи кои ќе ја зголемат анскиозноста.

Прегледи:
383
Објавено на:
24.10.2019