Еднаш еден глушец видел како еден селанец поставува стапица за глувци. Глушецот отишол и им кажал на кокошките, овците и кравите и на тоа сите му одговориле: „Стапицата за глувци е твој проблем. Не е наша работа“.
Набргу потоа, змијата била фатена во стапицата за глувци и ја гризнала сопругата на селанецот. Обидувајќи се да ја излечат, и зготвиле пилешка супа. Потоа ги заклале овците за да им оддадат почит на сите што ќе дојдат да ја посетат. Потоа ја заклале и кравата за достоинствено да ги хранат гостите на погребот
А глушецот цело време сето тоа го гледал низ дупката на ѕидот и размислувал за работите кои ете, никого не го засегале..