Тесните фармерки се прилично актуелни последниве деценија, две. Одтогаш се појавија многу трендови во врска со џинсот, Секоја сезона модниот свет го објавува новиот џинс тренд, една сезона тоа се „boyfriend“ фармерките, наредната се оние со висок струк, потоа се враќаат широките фармерки, но едно никогаш не се менува – тесните фармерки.
Тоа воопшто не е ни чудно, тоа е модел кој изгледа добро скоро на секого, а воедно е многу лесен да се искомбинира за носење. Може да го носите во секое доба и за секоја прилика, во добро направена комбинација, а секогаш ќе го извадат најдоброто од вас. Сепак нели, облините се сега тренди.
Иако модната индустрија, заради профит, во продажба постојано вади нови и нови модели, кои „мора“ да ги имате, сепак нештата на терен покажуваат друга ситуација. Вообичаено е за време на модните недели да се гледа уличната мода, не е во фокусот само модната писта, голем дел од трендовите се црпат од креативците кои шетаат по улиците и седат во првите редови на ревиите. Кај нив, не може а да не се забележи дека тесните фармерки им се неизбежен дел од облеката, покрај сите нови трендови и модели на фармерки.