Категории

10 домашни напитоци кои го чистат телото од токсини и ги топат масните наслаги

Газираните сокови кои се полни со шеќер заменете ги со грејпфрут, боровница и други овошја кои го поттикнуваат согорувањето на калории.

Ова се најдобрите рецепти за детокс напитоци со вкус на овошје

1. Вода со краставици

Состојки: 1 краставица, неколку коцки грејпфрут, мента

Подготовка: Соединете ги двете состојки со вода и оставете ги да стојат така најмалку два часа. Послужете со лед и уживајте.

Намена: Брзо исфрлање на токсините поради диуретичките својства

2. Детокс вода

Состојки: сок од свежо исцеден лимон, 1 помал корен од ѓумбир

Подготовка: Исцедете сок, додадете го во чаша вода и додадете го исечканиот корен од ѓумбир. Оставете ги состојките да се сврзат и потоа испијте го.

Намена: За подобро варење, повеќе антиоксиданси

3. Вода со вкус на портокал и боровница

Состојки: 1 портокал, 10 г боровинки, мента

Подготовка: Портокалот исечкајте го на тенки кришки. Сите состојки ставете ги во голема чаша, оладете ја и уживајте.

Намена: Намалување на масните наслаги, внесување витамини

4. Спој на лимон и мента

Состојки: сок од свеж лимон, листови мента

Подготовка: Исцедете лимон, помешајте го со вода и доколку вкусот е премногу силен додадете и малку стевиа. Зачинете со мента и послужете.

Намена: За варење, чистење од токсини, разладување

5. Освежување со вкус на лубеница

Состојки: две кришки лубеница, вода, лед и зачин по желба

Подготовка: Во голема чаша ставете ја ситно исецканата лубеница, додадете лед и мента. Оладете па послужете.

Намена: Нискокалоричен напиток за хидратација и витка линија

6. Јаболков напиток

Состојки: 2 шолји вода, 1 лажичка цимет, половина јаболко, 1 лажичка свеж лимонов сок, 2 лажички нефилтриран јаболков оцет

Подготовка: Сите состојки, освен јаболкото, ставете ги во блендер 10 секунди. Во смесата додадете половина јаболко кое претходно сте го исекле на кришки. Отавете се заедно да отстои, потоа испијте го напитокот и изедете ги кришките од јаблкото.

Намена: Ги топи непотребните калории, го продлабочува чувството на ситост.

7. Вода со лимон и малини

Состојки: Лимонов сок, 10 г малини, чаша вода, мента или босилек

Подготовка: Во водата ставете ги сите состојки. Ставете ги во фрижидер и оставете така за да можат состојките да се поврзат најмалку два часа.

Намена: Снабдување со витамини и антиоксиданси

8. Детокс со алое вера

Состојки: 1 портокал, лист алое вера, чаша вода

Подготовка: Извадете гел од листовите на алое вера. Во блендер додадете го свежо исцедениот сок од портокал, алое вера гелот и чаша вода. Измешајте ги добро сите состојки.

Намена: Ги чисти токсините, но не се препорачува за трудници и доилки.

9. Виолетова рапсодија

Состојки: 10 г боровинки, неколку стебла лаванда, чаша вода

Подготовка: Во поголема чаша додадете ги боровинките и лавандата. Оставете ги во фрижидер неколку часа за да се соединат состојките.

Намена: За витка линија и опуштање

10. Вода за тенок струк

Состојки: 1 краставица, лед, вода, неколку листови босилек, неколку јагоди

Подготовка: Исечкајте ги краставицата и јагодите. Ставете ги во водата и додадете го босилекот. Оставете го напитокот на ладно место околу два часа.

Намена: Ги намалува масните наслаги и освежува