Категории

10 ФОТОГРАФИИ НА КОИ РИЈАНА ИЗГЛЕДА КАКО ДИЗНИ ПРИНЦЕЗА ВО РЕАЛЕН ЖИВОТ

Познатата пејачка од Барбадос, Ријана е претставена низ објективот на многу фотографи низ светот како Дизни принцеза во реален живот.

Во еден момент таа е облечена како Belle на Met Gala настан, во друг момент блеска во кристали и прекрасна насмевка како ледена кралица Elsa. Иако изгледот на познатата поп ѕвезда наликува како да доаѓа директно од пистата, корелацијата помеѓу нејзините најгламурозни парчиња облека и ројалските фаворизирани Дизни креации е изненадувачки конзистентна. Секако, Ријана можеби нема да ги фаворизира стаклените чевлички, но нејзината  колекција украсена со накит Manolo #SoStoned е достојна за Пепелашка изглед. Исто така, парчињата на модната куќа Giambattista Valli, која таа почесто ја избира, се доказ дека уште еднаш покажа љубов кон големите нешта и се појави на премиерата на филмот на Лук Бесон “Валеријан и градот на илјадниците планети” во сексапилен и многу дрзок фустан кој изгледа како да бил создаден од магија.

Дали чувството за фантазија е тоа што ги поврзува облеките на Ријана со хероините на Дизни? И додека таа не толкува буквално ниту една од приказните – не ви требаат подуени ракави и тијара за да изгледате како слатката Снежана – нејзината верзија на редовното такво облекување привлекува безбројни имитатори на истото.

Да погледнеме како таа ненамерно ја идеализираше Јасмин, Заспаната Убавица, па дури и Мерида-воинствената принцеза, назад низ времето.