Категории

10 совети за подобро расположение

Расположението често се менува повеќе пати во текот на денот. Доколку сакате да бидете подобро расположени, пробајте ги овие 10 совети кои ќе ве направат посреќни.

 

  1. Насмевката нека го краси вашето лице: Чинот на ширење на усните во насмевка придонесува да се чувстувате посреќни.
  2. Пејте гласно: Тоа ќе ви помогне да се изразите, да исфрлите се од себе, а со тоа се намалуваат шансите за депресија.
  3. Разговарајте со пријателите: Луѓето кои почесто разговараат со пријателите имаат помала шанса да се разболат од депресија.
  4. Користете ја позитивната енергија: Повторувајте во себе дека се е во ред, без паника, и наскоро во тоа ќе поверувате.
  5. Водете љубов: Така ќе го зголемите лачењето на серотонин кој е хормон на среќата.
  6. Искористете го Сонцето: Истражувањата покажуваат дека луѓето кои живеат во сончеви предели се посреќни од тие кои живеат под облачно небо.
  7. Умот нека ви биде активен: Тоа е клуч за одржување на психичката способност на високо ниво.
  8. Направете 10 минутна прошетка: Секојдневните прошетки ќе ве направат посреќни.
  9. Јадете семки од тиква: Тие се природен извор на триптофан, кој го зголемува нивото на серотонин.
  10. Изедете нешто кое ве прави среќни.