Категории

10 здрави причини поради кои треба да јадете банани

Бананата на многу луѓе им е омилено овошје а децата ја обожават. Речиси секој од нас посегнува по банана која ќе остане без енергија во текот на денот и кога ќе помисли дека му паднал шеќерот. Бананите се богати со калиум, влакна, витамин Ц и Б6, содржат три природни шеќери – сахароза, фруктоза и глукоза – и влакна поради што се совршени за моментално подигнување на енергијата.

Ова се 10 здрави причини поради кои треба да јадете банани.

1.Ги ублажува симптомите на депресија
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои патат од депресија се чувствуваат подобро откако ќе изедат банана. Тоа е затоа што бананата содржи триптофан, вид белковина која телото го претвара во серотонин и помага да се опуштите, да бидете подобро расположени и да се чувствувате посреќни.

2.Ја ублажува анемијата
Богата со железо, бананата може да стимулира производство на хемоглобин во крвта и така помага во случаи на анемија.

3.Го снижува крвниот притисок
Ова единствено тропско овошје е изразено богато со калиум а содржи и малку сол, што го прави совршено за регулација на крвниот притисок. Со тоа, калиумот поага при учење и ја подобрува концентрацијата.

4.Неутрализира киселина во желудникот
Бананите ја неутрализираат киселината во телото па ако страдате од тоа обидете се да изедете банана за да ги олеснете симптомите.

5.Ги смирува нервите
Бананите содржат висок процент на витамин Б што помага во смирувањето на нервниот систем. Баш поради тоа е идеална за меѓуоброк на работа.

6.Против констипација
Богати со влакна, бананите помагаат брзо да го надминете проблемот со запек и без употреба на лаксатив.

7.Добра против утринска мачнина
Ако сте трудница и го конзумирате ова овошје, ќе ви помогне во утринската мачнина.

8.Лечи мамурлак
Еден од најбрзите начини да го излечите мамурлакот е да испиете милкшејк од банана засладен со мед. Бананата го смирува желудникот и со помош на мед го зголемува нивото на шеќер во крвта, додека млекото го смирува и хидрира организмот.

9.Ја поттикнува работата на мозокот
Бананите влијаат на работата на мозокот а едно истражување покажало дека учениците кои наутро јадат банана имаат подобра концентрација во текот на денот.

10.Ја контролира температурата
Во многу култури бананата е овошје кое лади. Така на Тајланд трудниците јадат банани за да се осигураат дека бебето ќе се роди со гранично очекувана температура.

Прегледи:
823
Објавено на:
02.12.2020