Некои момчиња се директни и веднаш ќе забележите дека им се допаѓате, но некогаш тоа не можете да го видите јасно, а особено кога станува збор за некој што вам ви се допаѓа.
Како да дознаете дали навистина му се допаѓате?
Има некои универзални показатели кои веројатно значат дека му се допаѓате.
Прво тоа го кажуваат очите, доколку често ви се судираат погледите, тоа значи дека постои заинтересиранот од негова страна кон вас.
Комплиментите се очигледен начин кој ќе ви покаже симпатија од негова страна, но исто така тоа може да бидат и секојдневни работи кои тој ги забележал за вас или пак памти навидум незначајни работи кои сте му ги кажале.
Малите субтилни допири, како и срамежливото однесување се исто така индикатори, а исто така говорот на телото може многу да ви каже, начинот на кој ве гледа, дали е свртен кон вас.
Секако најважно да се напомене е доколку е заинтересиран, тоа ќе го покаже, ќе превземе иницијатива, ќе наоѓа начин да биде до вас, да разговара со вас. Ако ги нема овие индикатори, најдобро е да продолжите понатаму.