Категории

15 минутен домашен тренинг: Ги уништува и најупорните масни наслаги кај жените!

Овој проблем им е познат на многу жени. Дури и кога остатокот од телото слабее, со бутовите и колковите е потешко.

Но, витки нозе, затегнати колкови и подигнат задник се потполно реална цел. Тајната е во правилно одбран комплекс на вежби!

Ви предлагаме одличен план за вежбање од професионалните фитнес инструктори, со помош на кој секој ден во текот на месецот со мали чекори ќе се доближувате до целта. Сѐ што е потребно е редовно да ги изведувате овие едноставни вежби!

Кога ќе забележите заобиколен и подигнат задник, видно послаби и затегнати бутови и колкови во огледало, ќе видите дека сѐ е можно!

Одвојте 15 минути дневно за овие вежби и после месец дена ќе бидете изненадени со резултатот! Може да тренирате било каде, не ви се потребни спортски справи, туку само волја!

1.       Чучњеви со исфрлање на нозете на страна. За секоја нога по 10 пати.
2.       Чучњеви „Сумо“ – 10 пати.
3.       Чучњеви со подигање на рака – 10 пати.
4.       Чучњеви – вежбање на стомачните мускули. За секоја нога 10 пати.
5.       Скокови – 10 пати.

6.       Чучњеви на една нога (за напредни). За секоја нога – 10 пати.
7.       Исчекор на нозете наназад. За секоја нога -10 пати.
8.       Чучњеви на една нога, за секоја – 10 пати.
9.       Чекор на страна, за секоја нога – 10 пати.
10.     Чучњеви со скок – 10 пати.

Почнете со помал број на повторувања (барем шест), постепено зголемувајте го бројот на повторувања до 10, па и до 20 и намалувајте ја паузата, односно одморот измеѓу две вежби.

Прегледи:
506
Објавено на:
03.03.2016