Категории

Раскошна и весела – Ова е бојата која ќе ја одбележи оваа пролет

Сите можни розови нијанси го преплавија Инстаграм, продавниците и животот! Модните експерти како да чувствуваа дека веќе малку сме уморни од носење неутрални бои во овие сиви денови, па затоа решија да ни вратат малку спокојство, оптимизам и автентичност.

Розовата боја конечно ги надмина сите родови стереотипи, како и верувањето дека можат да го носат само најмодерните, и официјално стана боја на милениумците кои ги водат дневните микро и макро револуции.

Најпрво беше прикажана на модни ревии на светски дизајнери како Roksanda, Loewe, Jacquemus, Valentino, Christopher John Rogers и Chloe а потоа се пресели во доменот на убавината и дизајнот на ентериер. Имено, освен што е апсолутен моден тренд, розовата боја го прави лицето посветло и помладо, а просторот посветол и поенергичен, поради што не треба да се заобиколува во ниту една сфера. Постои само едно правило: колку е посјајно, толку подобро!

Ако додадете обемни ракави, големи јаки и гломазни мокасини, ја имате неприкосновената ИТ комбинација за пролет 2021 година. Дуа Липа носеше волшебни розови фустани на неодамнешните Греми награди, и покрај тоа, многу други влијатели и sвезди не ја соблекуваат ова боја од себе.

Прегледи:
1186
Објавено на:
18.03.2021