Категории

3 чекори со кои ќе стекнете навика за вежбање

Многу луѓе сакаат да стекнат редовна навика за вежбање и да се гордеат на остварените резултати.

Доколку имате желба, а не знаете како да го направите тоа, помогнете си со искуствата на оние луѓе кои стекнале навики и секојдневно вежбаат без никаков проблем. Во прилог прочитајте трите чекори кои ќе ви помогнат да стекнете навика за вежбање.

Создадете рутина за подобро да се навикнете

Навиките се создаваат на тој начин што некои работи ги повторувате повеќе пати се додека не се навикнете за нив. Ист таков пристап треба да имате и кога ќе почнете да вежбате. Со други зборови, ако уште на почетокот ги прескокнувате тренинзите, никогаш нема да си дадете шанса да се навикнете. Затоа, на почетокот трудете се да бидете максимално доследни, за да се стекнете со новата навика.

Започнете да вежбате лесни вежби

За да не се откажете уште од самиот почеток, изберете вежби што се пократки и што нема многу да ве замараат и што ќе ве направат среќни. На пример, за почеток одберете 2 минутно вежбање, а за останатите вежби размислете кога веќе ќе се прилагодадите на редовното вежбање.

Прво фокусирајте се на конзистентноста, а подоцна на резултатите

Ако се уште не сте научиле да вежбате правилно, а во огадалото ги барате вистинските резултати, тогаш е навистина тешко вашата навика да премине во рутина. Во овој случај, постои голема веројатност дека ќе се откажете, па затоа, н почетокот не размислувајте ниту за целите нитуи резултатите.

 

Прегледи:
440
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
12.11.2017