Категории

3 шик начини како да носите џемпер оваа есен

Време е за парчето облека на кое најчесто се потпираме кога ќе се намалат температурите. На прв поглед, џемперот не припаѓа во категоријата на парчиња облека со кои лесно се постигнува шик изглед, но со само неколку насоки и вие може да изгледате како да сте излегле од страниците на некој моден едиторијал.

#Пократок џемпер со рамни панталони

 

Не заборавајте на наједоставната, а многу често најкул комбинација: краток џемпер + панталони со рамен крој. Она што ќе ви обезбеди статус на моден стручњак е правилниот избор на модел на панталони и начинот на кој го носите џемперот.

Имајте на ум дека пократките модели обавезно одат со панталоните со повисок струк. Истакнете го струкот и така што џемперот благо ќе во вовлечете во панталоните.

#Лежерен изглед

Лежерниот џемпер ќе изгледа феноменално со долен дел во слична нијанса, додека дополнителни поени ќе добиете ако целата облека биде „oversize“. Во модата престана да важи правилото дека гломазниот џемпер мора да го надополните со тесни фармерки.

#Миди здолниште

За сите оние кои би сакале уште повеќе да излезат од рамките на вообичаеното, одличен предлог е комбинацијата од волнен џемпер со миди здолниште. Чипката и свилата се одличен контраст, или одличен додаток на волнените џемпери. Заокружете ја комбинацијата со патики или нешто женствено.

Прегледи:
394
Објавено на:
18.10.2018