Категории

5 едноставни чекори до совршена брановидна фризура која е секогаш во мода

Потребни се само 5 едноставни чекори за вашата коса да добие брановидна форма која никогаш не излегува од мода. Оваа фризура е лежерна и атрактивна и ја истакнува убавината на секоја жена.

1. На сува коса и само на прамените кои сакате да ги стилизирате нанесете спреј за виткање на косата, кој можете да го пронајдете во сите дрогерии.

2. Поделете ја косата на прамени и виткајте ги секојдневно од краевите кон коренот.

3. Потоа завитканите прамени, испрскани со спреј, сушете ги со фен. Секој прамен сушете го околу 30 секунди.

 

4. Поминете ги прамените со пегла и превиткајте ги во посакуваниот правец.

5. На крај, фризурата обликувајте ја со прстите, згужвајте ја дополнително и додадете малку лак за коса.

 

Сега, кога ја знаете тајната на оваа фризура, уживајте во претстојното лето, а локните носете ги кога ќе имате пригода за тоа.

Прегледи:
2638
Објавено на:
10.04.2018